Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
15.09.2010 11:01 - Македонски вицове
Автор: minchev Категория: Забавление   
Прочетен: 4755 Коментари: 0 Гласове:
0



  Македонски вицове 12 септември 2010, 9:02

Некој брод почнал да тоне и капетанот им се обраќа на патниците:
- Имам за вас две вести, едната добра а другата лоша која сакате прва да ја слушнете!?
И патниците рекле:
- Ајде прво лошата.
- Епа вака лошата е дека бродот тоне, а добрата е дека сме одалечени само 4 километри до најблиското копно.
И некој од патниците рекол:
- А во која насока е копното?
Капетанот:
- Вертикално, надолу!!!

—–
Што е цигара?
- Цигара е смелен тутун завиткан во хартија, каде на едната страна има огин, а на другата будала.

—–
Отишла плавуша со исчукана кола во сервис на пеглање. Сервисерот решил да се позафркава, па и рекол:
- Не ти треба пеглање, само дувај во ауспухот, сама ќе се исправи.
Се вратила плавушата дома и почнала да дува, ама ништо не се случило. Поминала друга плавуша и ја прашала:
- Што правиш, ма?
Објаснила оваа што прави, а другата со смеење искоментирала:
- Па, како ќе се исправат дупките, си ги оставила прозорците отворени.

—–
Оди некоја плавуша кај друга плавуша и и ги забележува ноктите и ја прашува:
- Зошто ти се такви ноктите на рацете?
- Не можам да се одвикнам да ги гризам. Имаш некој совет да се одвикнам да ги гризам ноктите? – одговорила другата плавуша.
- Да одиш на јога и ќе се одвикнеш – ја зафркавала плавушата.
Другиот месец пак се сретнуваат плавушите и ја гледа едната плавуша, другава ги пораснала ноктите големи:
- Како се одвикна бе?
- Па тоа е лесно, сега ги гризам ноктите на нозете!

 



 


Тагове:   македонски,


Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: minchev
Категория: Забавление
Прочетен: 3181949
Постинги: 949
Коментари: 1447
Гласове: 279
Архив